Претежно облачно со локален дожд

Од:

Времето денеска ќе биде претежно облачно, во западните делови со локaлeн дожд, а доцна попладне дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 7 степени.

Утре ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Услови за локален дожд ќе има до среда. Температурите во следните неколку денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика понатамошно топење на снежната покривка на планините.

Би можело да ве интересира

На 25 октомври почнува зимското сметање на времето – стрелките на часовникот се поместуваат еден час назад

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он