Претепани вработените во Центарот за социјална работа во Кочани

Од:

Со пцовки и закани, двајца насилници, инаку приматели на социјална помош, вчера напладне упаднале во кочанскиот Центар за социјална работа. Прво им се заканувале на тројцата вработени, а потоа и физички ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди.

Причина за нападот била исплатата на социјалната помош која наместо на рака, сега се исплаќа на трансакциона сметка.

Бидејќи насилниците не ја ажурирале документацијата или сметките им биле блокирани од страна на извршител, тие пари не добиле. За ова вината ја префрлиле на Центарот за социјални работи во Кочани, по што подебелиот крај го извлекле вработените.

Против напаѓачите ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски