Претепан Тони Трајковски, не дојде на „ТНТ“, тргнал кон дома, судот ќе го бара со полиција ако не дојде

Од:

На денешното судење за предметот „ТНТ“, не дојде обвинетиот Тони Трајковски.

Во 8.40 бил доставен поднесок од Јовица Страшковски, адвокат на ексградоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски дека на 22 декември, т.е. синоќа бил претепан, и имал видливи повреди на главата и телото. Тој бил пренесен на Ургентниот центар во Скопје, соопшти судијата Огнен Ставрев, читајќи го поднесокот на адвокатот.

„Во 6.30 часот Трајковски бил пренесен во болница, имал хематом, со видливи повреди“, кажа адвокатот.

Колегата Осман и јас стапивме во контакт со надлежниот доктор, но по телефонско јавување, докторот ни објасни дека е во добра општа состојба и на пат е кон дома.

„За 1 час ако не дојде, ќе го приведеме стражарно“, рече судијата и даде еден час пауза.

Судењето од минатата недела поради истек на мандатот на поротничката, се одвива со забрзано темпо и со рочишта кои траат по повеќе од 8 часа. Денеска треба на прашања на обвинителот Бурим Рустеми, да одговара Миле Јанакиески.

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на тогашниот политички противник Фијат Цаноски. СЈО тврди дека со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе барааат отштета.

Обвинети се експремиерот Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, ексградоначалникот Тони Трајковски, како и Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева.

Би можело да ве интересира

Сериозна, но минлива е здравствената состојба на Трајковски – „ТНТ“ продолжува за 15 дена

Ана Ололовска

Трајковски не дојде на ТНТ, сведочи неговата докторка зад затворени врати

Кристијан Ландов

Поради ТНТ се одложи рочиштето за „Тендери“ против Елизабета Канческа-Милевска

Кристијан Ландов

Продолжува судењето за уривањето на комплексот „Космос“

Ана Ололовска

Судот ја повика докторката да ја образложи здравствената состојба на Тони Трајковски

Ана Ололовска

ВИДЕО: Трајковски по рочиштето за ТНТ не можеше да стои, адвокатот го седна на клупа

Ана Ололовска