Пресудите за „Метастаза“ за еден месец

Од:

Судскиот процес за аферата со инвалидските пензии наречена Метастаза заврши, а пресудата ќе биде објавена на 22 октомври.

Судскиот процес траеше две години, а поради отсуство на обвинетите беше одлагано неколку пати. Лекари и службеници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како и посредниците кои наоѓале потенцијални пензионери обвинети се дека биле дел злосторничка група и ја злоупотребиле својата функција.

Во обвинението кое е напишано на 260 страници пишува дека обвинетите издавале лажни медицински документации и дијагнози. Обвинетите и нивните адвокати пак тврдеа дека обвинението е конструирано неосновано и недокажано, а сведоците лажеле кога тврделе дека давале мито за да земат инвалидска пензија.

Би можело да ве интересира

Суд во Бразил потврди отказ за работник кој 88 пати беше на боледување

Продолжи судењето против Бојковски кој призна три од четирите убиства за кои е осомничен од обвинителството, доказната постапка завршена

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски