Пресудата за „Ровер“ според Апелација била нејасна и неразбирлива

Од:

Апелациониот суд ја укинал пресудата по предметот „Ровер“ од причина што содржела недостатоци, била нејасна и неразбирлива. Дополнително Апелација наведува дека судскиот совет не ги испочитувал напатствијата што му биле дадени од второстепениот суд откако пресудата беше веќе еднаш укината за предметот да биде вратен на повторно судење.

Ова е втор пат како се укинува пресудата на кривичниот суд по овој предмет. Со тоа на десетмината обвинети ќе им се суди по трет пат за убиството на Марјан Тушевски и Киро Јанев што се случи во Скопје, во јули 2001 година.

„Второстепениот суд ги разгледал жалбените наводи на обвинетите и нивните бранители како и на Основното јавно обвинителство Скопје за сторена суштествена повреда и оценил дека наводите се основани со оглед дека обжалената пресуда содржела такви недостатоци поради која не може во целост да се испита во однос на нејзината правосилност и законитост, изреката на пресудата не била доволна јасна и разбирлива, а во образложението не биле содржани доволни причини за решителните факти што второстепениот суд смета дека се од битно влијание за законито одлучување во конкретниот кривичен правен настан во врска со предметното кривично дело и кривичната одговорност од страна на обвинетите“, соопштуваат од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

„Постапувајќи по повторената постапка во предметот кој бил укинат со решение на Апелациониот суд, второстепениот суд дал напаствија кои првостепениот суд требал да ги преземе при повторното постапување, меѓутоа Апелациониот суд во решението наведува дека судот при повторното судење не постапил во целост по дадените напаствија, не ги отстранил констатираните повреди и не ги утврдил решителните факти во повторената првостепена постапка“, додаваат од судот.

Во предметот за случајот „Ровер“ е обвинет и поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски кој по второто судење доби 10 години затвор за помагање на убиство. Судскиот совет при Основниот суд Скопје 1 во ноември 2014 година во повторена постапка донесе пресуда со која повторно ги прогласи сите десетмина обвинети за виновни.

На почетокот на минатиот месец Апелација донесе решение со кое се укинува притворот на четворица обвинети во случајот и тоа на Зоран Трајковски, Ивица Ристиќ, Сашо Јовановски и Гоце Митревски. Бошковски останува во Идризиво каде ја одлежува 5-годишната затворска казна за случајот познат како „Кампања“ од изборите во 2011 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Хрватска го отфрли обвинението против Љубе Бошкоски за „Раштански Лозја“: Заврши мојот политички прогон од две децении

Маја Илиевска-Пачемска

Пресуда за Љубе Бошкоски: Не е виновен за „Ровер“

Васко Маглешов

Вработени во МВР кои прибирале докази за Бошкоски, не знаат кој дал наредба за неговото апсење

Ана Ололовска

Правобранителот не постапил за апсењето на Бошкоски поради судската одлука дека не била употребена прекумерна сила

Ана Ололовска

Чавков: Не се сеќавам дали знаев за апсењето на Љубе

Ана Ололовска

Љубе беше депресивен и разочаран, сведочеше затворскиот психијатар

Ана Ололовска