Пресек на ситуација

Од:

Од осамостојувањето па до денес Македонија влезе и се уште се наоѓа во транзиција, како преодна фаза кон развиено модерно капиталистичко, демократско и повеќепартиско општество. Држава која од своето осамостојување па до денес како главна цел ја има евроатлантската интеграција, заглави во инсталирањето на демократијата и ефикасно функционирање на повеќепартиски систем.

Во досегашното постоење бевме современици на практицирањето на власта со формирање на влада од левите партии, па од десните партии, па преку влада на широка коалиција во конфликтниот периот 2001 – 2002, до влади создадени од предизборни коалицирања. Вкупниот резултатот во досегашниот период не ни дава многу надеж за скоро постигнување на посакуваните цели.

Ако во почетните години на осамостојување, беше неизбежно огромно отпуштање од работа, како резултат на промена на сопственичката структура, од општествената сопственост во приватната сопственост и приспособување на тие производствени капацитети на новосоздадените услови, денеска тие причини не можат да бидат оправдување за огромната невработеност и сиромаштијата што владее во Македонија.

Ако во првите години на осамостојување, немавме квалитетни кадри за економски просперитет, за политичко преструктуирање, за меѓународно етаблирање и конечно признавање на Република Македонија како нова меѓународно призната држава, денеска е срамно некој изговор за сопствена неспособност да го лоцира во минатото.

Денес на обичниот граѓанин, кој е заглавен помеѓу се построго применување на законите, а се помала можност за самостоен настап на пазарот, како домашен така и странски, без да биде рекетиран од многубројната партиски инсталирана администрација,се прашува има ли излез од оваа ситуација?

Дали економијата ја детерминира политиката или политиката одредува каква економија ќе имаме во државата? Дали работите се извртени наопаку? Имам чувство дека огромната „побарувачка“ за вработувањето во државниот сектор е заради вистината дека народот е во служба на државата а не дражавата во служба на народот. Вака извртените работи не одалечуваат и од НАТО и од ЕУ.

Иако според Уставот, Република Макердонија е граѓанска држава, во пракса таа се повеќе добива карактер на федерална творба во преќутна форма, со изразити двоаршински примени на, би рекол, федерални, односно државни закони. Нееднакво владеење на законите на цела територија на Република Македонија е вентил за таканаречени „етнички тензии“ кои умешно се користат во правец на освојување и одржување на власт. Многу е лесно, сиромашен и гладен, невработен и материјално необезбеден, да го натераш да каже – само нека има мир, па колку има, добро е!

Но ако целокупната политика го форсира граѓанскиот концепт на организирање на животот во државата, тогаш термините како „соживот“ или „етничка припадност“ ќе се второстепени во споредба со еднаквоста пред законот на секој граѓанин без оглед на неговата национална припадност, верска определба или боја на кожата. Тогаш политичарите ќе ја имаат благородната мисија да се натпреваруваат со идеи. Тогаш партиските програми ќе бидат оценувани од гласачите, тогаш ќе имаме и гласачи.

Сега во овие услови имасме само една нерамноправна борба со властодршци кои како суверени владетели на парите собрани од граѓани, си дозволуваат сите можни, најнапред со закон  легализирани потези, со кои умешно ја контролираат вештачки создадената сиромаштија и невработеност, повикувајќи се на виновници од минатото. Сега гласачите се диригирани од центрите на моќта со методите на ветување, уцена или поткуп, во зависнок кај кого што ќе помине. Гласачите се брижно снимени од моќниците и навремено обработени од послушниците.

Колку години власт е потребно, за да оваа навидум богата држава со природни ресурси и со вреден и едуциран кадар, излезе од оваа понижувачка состојба, во која демократскиот глас може да се купи за ситни пари, или пакетче намирници, кои не се ништо друго него пари на граѓаните?

Како може да се зборува за современо и перспективно општество, во кое и до ден денес немаме направен целосно признаен попис на население и домачинства? Како може на гласачките списоци да се најдат околу  1.750.000 гласачи по наводно прочистување на гласачките списоци во држава која според статистичките податоци од 2011 год. брои околу 2.058.000 жители? Математички кажано во Република Македонија жители до полнолетство има помалку од 15% а тоа значи дека сме земја  на работ на опстанок. И кога ќе ги анализирате вакви податоци едино ви останува да се прашате – кој кого лаже во оваа ситуација.

Правам пресек со цел накратко да покажам дека е време оваа лудило да престане, да се изврши ревизија на се досега поставено и остварено, да се направи смел чекор кон свртување на политиката на  државата кон  вистинскиот пат, да се справи со сите сегашни профитери и кочничари на нормално функционирање и успешно развивање на нашата сепак перспективна и демократска држава. Имам верба во комбинација на зрелите и искусни кадри со младите сили, полетни, енергични, инвентивни, едуцирани и спремни, да ја прескокнеме оваа препрека викана апсолутистичко владеење во демократска држава. Товар на вкупните промени секако паѓа на товар на граѓаните, но очекуваните резултатит се мотив за храбро исправање пред проблемите и решавање на истите. Резултатите треба да бидат повторна демократизација, чекорење кон правично граѓанско општество,излез од учмаеноста и бесперспективноста, а влез во НАТО и ЕУ.

Мирослав Трлин

член на ЦО на НСДП

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска