А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пресечен меѓународен канал за транспорт на кокаин од Јужна Америка

by А1он16/02/2013 - 14:05141
Share0

Одделот за недозволена трговија со дрога при МВР вчера пресече меѓународен канал за транспорт на кокаин на релација од Јужна Америка во Република Македонија.

Добивај вести на вибер

МВР денеска соопшти дека по добиени оперативни сознанија вчера дека е пристигнат пакет во ЕМС Пошта 2 – Скопје во Скопје, во која има кокаин, по издадена наредба од Истражен судија од Основен суд Скопје 1, Скопје, извршен е претрес на поштенската пратка пристигната од Аргентина, во која се пронајдени повеќе предмети, меѓу кои две пластични туби од креми од по 200 мл (вкупно 400 мл).

Поради постоење основано сомнение дека истите се исполнети со течен кокаин, тубите се предадени на Одделот за криминалистичка техника при МВР заради вештачење. Констатирано е дека во тубите течниот кокаин бил спакуван во презервативи, а остатокот од масата во тубите била исполената со крема, така што на тој начин биле минувани царинските контроли бидејќи кога тубите ќе се притиснат излегувала кремата, додека спакуваниот течен кокаин бил на дното. Внатрешноста на пластичните туби била исполнета со 300 мл течен кокаин.

Цената на дрогата зависно од тоа дали би се продавала на друг купец или пак на мало се движи од 20.000 до 60.000 евра.

МВР на Република Македонија работи на целосно расчистување на случајот односно откривање на сторителите на кривичното дело.

droga

Би можело да ве интересира

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Горан Наумовски05/01/2026 - 07:52

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела

Предраг Петровиќ03/01/2026 - 20:02

Мадуро: Време е за разговори со САД за борба против дрогата

Горан Наумовски02/01/2026 - 19:45

Хрватската полиција заплени 13 килограми кокаин на граница со Црна Гора

А1он19/12/2025 - 17:55

Акција на МВР во Скопје: Уапсени се 12 лица за злосторничко здружување, незаконско поседување на дрога и оружје

Горан Наумовски10/12/2025 - 17:00

(ВИДЕО) Заплена на дрога во Струшко, во возило пронајдени 62 пакувања марихуана

Горан Наумовски08/12/2025 - 14:2308/12/2025 - 15:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен