Препораките од оценската мисија на ЕУ ќе бидат вметнати во измените на Законот за Судски совет

Од:

Препораките од оценската мисија на Европската Унија за функционирањето на Судскиот совет ќе бидат разгледани од работната група која работи на измени на Законот за судски совет и ќе бидат вметнати во измените на законот, најави министерот за правда, Кренар Лога.

Во изјава за медиуми по денешниот настан по повод доделување изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матичната книга на родените, министерот информираше дека стандардите што ги бара ЕУ ќе бидат земени предвид.

– Уште пред да го добиеме извештајот од оценската мисија, формиравме работна група која работи на тоа прашање и наредните денови таа ќе ги разгледа стандардите што ги бараат од нашата страна. На крајот на процесот ќе ги имаме измените на законот во кои ќе бидат внесени стандардите, рече министерот за правда.

Извештајот на оценската мисија на ЕУ за функционирањето на Судскиот совет содржи 40 препораки, групирани во шест сегменти – структура и компетентност на самиот Судски совет, мандатот на неговите членови, процесот на селекција и изборот на судии, дисциплинските постапки, прашањето на транспарентност и комуникација со јавноста и ресурси и финансирање.

Оценската мисија на ЕУ беше составена од тројца правни експерти од Хрватска, Белгија и Италија и престојуваше во земјава во септември годинава, каде направи анализа на правната рамка и имаше средби со сите релевантни институции, како и експерти од невладиниот сектор.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Реформи за Судски совет донесени на брза лента не градат доверба

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Нема кворум – Судскиот совет ја одложи седницата

Горан Наумовски

Досегашниот претседател на Управен суд, Бурим Сејдини, ќе биде в.д. претседател на Судот, додека не се избере нов

Судскиот совет со завршни проекции за буџетот: Планирани нови вработувања и ревизија на сите судови

Коментарите ви се неаргументирани и паушални – судиите му одговорија на Мицкоски

Катерина Ѓуровски