Премиерот Заев на работен состанок на ЕУ со Западен Балкан во Софија

Од:

Премиерот Зоран Заев ќе учествува на работниот состанок на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер и премиерот на Република Бугарија Бојко Борисов, како премиер на земја претседавач со ЕУ со шефовите на држави и влади од Западен Балкан, што на 1 март ќе се одржи во Софија, Република Бугарија.

Тема на состанокот се можностите за забрзување на процесот на интеграција на Западен Балкан во ЕУ и подобрување на меѓусебната поврзаност.

Како што соопшти владината прес-служба, покрај премиерот Заев, на состанокот најавено е дека ќе присуствуваат и премиерите на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора, Светозар Марковиќ, како и претседателите на Србија, Александар Вучиќ, на Косово, Хашим Тачи и членот на претседателството на БиХ, Драган Човиќ.

Би можело да ве интересира

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Русите го фалат Орбан – ЕУ подготвува „Шарена револуција“, сакаат да го соборат

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Адвокатот Тони Менкиноски доби десетгодишна забрана за влез во Бугарија

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина