Премиерот и министрите кои беа во Куманово и се во изолација, немаат никакви симптоми и се во добра здравствена состојба

Од:

Премиерот Оливер Спасовски, вицепремирот Бујар Османи, министрите за здравство и за образование Венко Филипче и Арбер Адеми, кои се во самоизолација од минатата недела откако имаа контакт со градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски кој е позитивен на Ковид 19, се чувствуаат добро и немаат никакви симптоми.

Ова го истакна министерот Филипе во одговор на прашање на денешната прес-конференција оценувајќи дека сите биле во различен ризик и оти треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела.

-Сите бевме во различен ризик. Сметам дека треба да направи тест премиерот во текот на оваа недела. Чекаме да поминат најмалку седум дена, а после ќе ги пратиме препораките на епидемиолозите и согласно нашата здравствена состојба. Засега сите се во добра здравствена состојба без апсолутно никакви симптоми или тегоби, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане