А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Премиерот го честиташе меѓународниот ден на Бошњаците

by А1он27/09/2012 - 16:01202
Share0

„Би сакал да Ви упатам најсрдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, и во свое лично име и во името на Владата на Република Македонија да Ви посакам здравје и среќа, семејна благосостојба, и многубројни успеси на секое поле“, вели премиерот Груевски во писмената честитка.

Добивај вести на вибер

„Историското присуство на бошњачката заедница во Република Македонија, како и секојдневниот придонес што Бошњаците го даваат во сите сфери на општественото живеење претставуваат значаен сегмент во напредокот на нашата држава и во градењето на мултиетничко општество во кое дијалогот, меѓусебната толеранција и почитувањето како универзални вредности имаат длабока традиција.

Владата на Република Македонија, како досега така и во иднина ќе продолжи да инвестира и да го поддржува развојот на културните, образовните, економските и сите останати општествени капацитети кои се од интерес на бошњачката етничка заедница. Уверен сум дека и во идниот период, со заеднички сили, и верувајќи во заедничките вредности, ќе продолжиме со соработката и со вложувањето на нашите потенцијали за создавање на дела кои се од интерес за сите граѓани на нашата земја, и во изградбата на силна и модерна Република Македонија.

Дозволете ми уште еднаш да ги повторам моите искрени честитки со желба да го поминете овој празничен ден во пријатно расположение во кругот на најблиските“, заврши Груевски.

praznici

Би можело да ве интересира

Во 2025 година пет продолжени викенди

Катерина Ѓуровски01/01/2025 - 08:26

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Катерина Ѓуровски30/12/2023 - 16:05

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on26/12/2023 - 19:58

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска31/05/2023 - 09:13

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:57

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска19/05/2023 - 15:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен