Прекршочни пријави за две лица за настаните пред Собранието

Од:

Министерството за внатрешни работи започна со расчистување и целосно документирање на агресивното и недолично однесување при насилното пробивање на полицискиот кордон и обидот да се изврши упад во зградата на Собранието на Република Македонија или да се предизвика инцидент со побројната група граѓани организирани во „Фронт за Македонија“.

МВР денеска соопшти дека во моментот кога групата почна да ги урива безбедносните огради и да ги турка и гази полициските службеници, загрозувајќи ја нивната безбедност, единаесет припадници на полицијата се здобија со повреди од различен карактер.

Врз основа на снимките од полициските камери и видеоматеријалите од насилното пробивање на кордонот обезбедени од медиумите, досега се идентификувани три лица и тоа: Н.М.(1989) од Скопје, В.Н.(1965) од Звегор-Делчево и А.Ќ.(1979) од Гевгелија.

Во соопштението се подвлекува дека денеска е пријавен и инцидентот во кој физички беше нападнат повозрасен граѓанин од страна на лице присутно на синоќешниот протест во центарот на Скопје.

„Ниту еден од организаторите до овој момент на полицијата не и го посочи идентитетот на насилникот, но врз основа на емитуваните материјали ќе бидат утврдени неговите генералии по што ќе следува кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот Закон на Република Македонија“, стои во соопштението.

МВР во соработка со медиумите и надлежните институции ќе продолжи да работи на идентификување на сите учесници во насилните инциденти и по документирањето на случаите, против сите инволвирани ќе следуваат соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на патот Прилеп – Росоман, двајца загинати

А1он

Наставничка сликала разговори на колешка за да ги покаже на директорката

За четири дена уапсени се 12 пијани возачи во Македонија

А1он

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Расчистени три измами со лажни сообраќајки во Битола, поднесена е кривична пријава