Прекршочна за директорката на Хематологија, не поднела анкетен лист за имотната состојба

Од:

Антикорупциската комисија поднесе прекршочна пријава против директорката на Хематологија, Ирина Пановска – Ставридис за неподнесување анкетен лист за имотната состојба.

Пановска била именувана за в.д директор на 14.08.2017 и досега постојано и бил продолжуван мандатот на 6 месеци, што значи дека таа имала обврска по истекот на секој шестмесечен мандат да доставува анкетен лист дека и завршила функцијата.

Пановска е именувана на директорката функција четири пати, а таа дури пред една недела, на 15 мај ги доставила сите анкетни листови за имотната состојба одеднаш.

Антикорупциската комисија веќе отвори предмет за докторката Ирина Пановска – Ставридис, в.д. директорка на Клиниката за хематологија, за можно местење тендери во корист на веледрогеријата „Пановски“ во сопственост на татко ѝ.

Антикорупционерите ќе испитуваат и како Пановска-Ставридис унапредувала лекари во раководители на одделот.Пријавата до ДКСК ја доставиле анонимни граѓани и група загрижени лекари.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов

Пријави за Арсовска и за повеќе општини на седницата на ДКСК

Антикорупциска испитувала непотизам на битолскиот универзитет: Вработен професор кој бил второрангиран

ДКСК ја проширува иницијативата до ОЈО ГОКК за сомнежи за несовесно работење и злоупотреба на службена положба од поранешни раководни лица на АД ЕСМ

ДКСК ќе ја дополни иницијативата за кривичното дело за „Трансмет“

Антикорупциска ќе ја информира Владата за непостапување на УО на ФЗО по нејзин заклучок