„Со големото аерозагадување, издувните гасови од автомобилите, концентрацијата на популацијата во метрополите, се повеќе се наметнува потребата од поголемо значење и одговорно однесување кон животната средина, нејзината заштита и нега на јавните зелени површини и дрвата.
При извршување на тековните активности на терен, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ од повеќе реони, сè почесто забележуваат оштетувања – уништување на јавните зелени површини низ градското зеленило.
Прекопи, ископи, уништени тревни површини, оштетени и целосно уништени дрва, зимзелени садници, цветен расад, како и парковска урбана опрема што говори за несоодветно и неодговорно однесување кон животната средина.
Исто така при изведба, реконструкција или инфраструктурни зафати, каде се оштетува и загрозува просторот на јавното зеленило, апелираме да се внимава и постапува според Законот за урбано зеленило и Одлуката за комунален ред и сите правни лица, при активности на изведување на прекопи да се обратат и ги информираат службите на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ и Град Скопје, за да може навреме да интервенираме и да ги спасиме и заштитиме садниците од уништување“, се вели во соопштението на ЈП „Паркови и зеленило“.