„Паркови“ в недела ќе го отстрани паднатото дрво во Аеродром за кое доби најава за тужба

Од:

ЈП „Паркови и зеленило“ попладнево извести дека паднатото дрво во Аеродром за кое доби најава за тужба, било ставено на програма за сечење на четврти август годинава. Жителите, пак, велат дека имаат решение за сечење на дрвото оти е старо од 2019 година.

Објаснувањето од јавното претпријатие го објавуваме во целост.

„Во врска со денешната објава на А1 он „Аеродромци ќе го тужат Паркови оти три години не исекле дрво кое падна од невремето„ ЈП Паркови и зеленило ги демантира наводите и ја информира јавноста дека дрвото е ставено во програма за сечење во недела.

„Нашите екипи денес интервениираа по пријава за скршена гранка од невремето, која ја отстранија, а за отстранување на дрвото потребно е ангажирање на соодветна механизација која ќе биде ангажирана во недела, кога и ќе биде отстрането дрвото.

Нашите екипи деноноќно работеа последниве денови на расчистување на градот од последиците од невремето при што се интервенираше на 64 локации и беа расчистени 77 дрвја и 25 големи гранки. Сакаме да ја информираме јавноста дека ЈП Паркови и зеленило работи со две екипи во целиот град , при што редовно врши и кастрење на дрвјата по трасите на автобуските линии и велосипедските патеки, како и вонредни интервенции по временски непогоди.

При извршувањето на Решенијата за сечење и кастрење се обидуваме најпрво да ги реализираме Решенијата за најопасните дрвја по приоритет, но и покрај максималното ангажирање на нашите екипи имаме сеуште доста нереализирани Решенија за сечење и кастрење. Имаме и многу наследени нереализирани Решенија, а континуирано секојдневно добиваме и нови. Ние сме постојано на терен и ги реализираме Решенијата меѓутоа условите се такви што временски не сме во можност брзо да реагираме туку се случува граѓаните да почекаат некој
период додека дојдат на ред за интервенција“, појаснуваат од ЈП Паркови и зеленило.

Би можело да ве интересира

Невреме во југоисточниот дел на САД: Едно лице загина, повеќе од 100.000 без струја

САД: Стотици илјади луѓе без струја поради силно невреме

(ВИДЕО) Силно невреме во Москва, ветерот носеше се пред себе

На Малта ненадејно избувна невреме, загина нуркач, спасени 17 туристи

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

(ВИДЕО) Снег ја зафати Србија: Се очекува да наврне до 20 сантиметри, завеан е и автопатот Милош Велики

А1он