Прекини и забрани во патничкиот сообраќај, воздушниот без проблеми

Од:

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато, во зимски услови и со големи остатоци од снег по коловозите, инфрмира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Скопскиот аеродром „Александар Велики“, според веб страницата на концесионерот ТАВ Македонија, функционира нормално и се преземаат сите активности за безбедно слетување и полетување.

Според АМСМ, поради големи остатоци од снег на коловозот, во прекин за тешки товарни  возила е  сообраќајот на патниот правец Кичево-Охрид преку планинскиот премин Пресека. За патничките возила постепено се пробива патот и моментно се одвива наизменично  по една коловозна лента. АМСМ информира дека се очекува во наредните неколку часови да дојде до негово комплетно оспособување.

Сообраќајот на патниот правец Скопје-Велес се одвива забавено во колона. Долга колона и отежнато и забавено движење има и на патот Велес-Катланово.

На патнитe правци Тетово – Попова Шапка, Маврово – Дебар – Струга, Струга – граничен премин Ќафасан, Крива Паланка – граничен премин Деве баир, на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато поради големи остатоци од снег има забрани за движење на тешки товарни возила. Забрани за тешки товарни возила има и на регионалните патни правци Тетово-Брвеница-Чегране-Гостивар, Сарај-Тетово, Тетово-Пирок-Гостивар, Теарце-Јегуновце-Радуша и Желино-Јегуновце. На патниот правец Тетово – Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови на возила. На патниот правец Вратница – Јажинце, поради силен ветар и наноси од снег на коловозот, не се препорачува движење на тешки товарни возила.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.

Би можело да ве интересира

ЕУ: Нема недостиг на гориво за авионите, но поради високите цени се откажуваат некои рути

Ирански борбен авион од времето на Виетнамската војна ја проби американската одбрана во Кувајт

Нов удар за патниците: Поскапуваат авионските карти

Штрајк на пилотите на „Луфтханса“: Откажани се стотици летови

Израел: Ги погодивме авионите Ф-14 што Иран ги купи од Америка

Британски авиони соборуваат евтини ирански дронови со скапи ракети