Преговорите за новата Влада ќе завршат во следните неколку дена

Од:

Траат преговорите за учество во идната влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ, Коалицијата „Вреди“ и Движењето ЗНАМ, информираат за МИА претставници од политичките партии кои се дел од работните групи. Тие истакнуваат дека преговорите се во завршна фаза, но не ги откриваат имињата на новите министри. Посочуваат дека кога ќе го финишираат договорот, сите детали ќе и бидат соопштени на јавноста.

Рокот за доделување на мандатот за состав на идната влада истекува на 7 јуни. Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како што информираа од нејзиниот Кабинет, идната недела ќе го додели мандатот за состав на новата влада.

Членот на работната група од Коалицијата „Вреди“ Азир Алиу соопшти дека очекува преговорите за коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ да завршат во наредните 3-4 дена. Алиу не открива детали за разговорите туку само потенцира дека кога ќе завршат преговорите, целата јавност навремено ќе биде информирана со сите детали.

Од Движењето ЗНАМ – за наша Македонија велат дека преговорите за соработка со ВМРО-ДПМНЕ и учество во идната влада се во завршна фаза, но и тие не соопштуваат детали.

– Конкретните кадровски решенија и одлуките за тоа ќе ги донесат органите на Движењето ЗНАМ, низ соодветна интерна партиска процедура и истите ќе бидат соопштени во јавноста. Секоја шпекулација за одредени имиња и ресори Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги оценува како неточни и невистинити, повторуваат од ЗНАМ.

Претседателот на Демократското движење која е дел од Коалицијата „Вреди“, Изет Меџити вчера во интервју за ТВ21 нагласи дека завршен е договорот со ВМРО-ДПМНЕ за првиот ешалон. Тој соопшти дека на Коалицијата „Вреди“ освен собранискиот спикер, ќе припаѓаат и уште шест министерства, седум заменик министри, пет државни секретари и еден вицепремиер.

Градоначалникот на Општина Гостивар и член на Коалицијата „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција вчера истакна дека преговорите за коалицирање ќе траат уште три-четири дена и посочи дека работните групи интензивно работат.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски