Предупредувачки протест пред Владата: Активистите бараат итно да се одземе концесијата за рудникот Иловица – Штука

Од:

Се ближи датумот кога оваа влада нема да може да донесува и спроведува одлуки, а Министерството за економија сè уште не поднело барање до Владата за одземање на концесијата на „Еуромак rесурсис“ иако е одбиено барањето на компанијата за дозвола за работа, велат активистите од здруженијата кои две години се бореа за одземање на концесијата за рудникот во Иловица – Штука.

„В сабота во 12 часот ќе одржиме протест пред Владата, како потсетување на оваа прашање кое е за нас од витално значење. Сите еколошки здруженија и граѓани активисти од Струмичкиот регион се задоволни од ставот на премиерот и одлуката на Владата за одбивање на некомплетното барање на концесионерот за работа, но стравуваме и знаеме дека постојат структури кои намерно ја одолговлекуваат постапката за одземањето на концесијата. Сметаме дека нема потреба да се чека одлуката на управниот суд, околу жалбата на концесионерот затоа што Владата е таа што е надлежна за доделување и одземање на концесиите. Нашиот протест е во насока на охрабрување и забрзување на постапката за одземање на концесијата“, вели активистот Костадин Ристоманов.

Пред четири месеци Владата го одби барањето за издавање дозвола на компанијата „Еуромакс рисорсис“ бидејќи не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација на рудник во Иловица. Со тоа требаше да заврши двегодишната битка на активистите и жителите од Струмичкиот Регион кои секојдневно го блокираа патот кон местото каде што требаше да биде отворен рудникот за бакар и злато Иловица – Штука и посочуваа на низата нерегуларности од страна на концесионерот и опасноста по животната средина.

Откако истече рокот за жалба, се очекуваше Владата да донесе и конечна одлука за едностран раскин на договорот за концесија со „Еуромакс рисорсис“.

Би можело да ве интересира

Светот се подготвува за недостиг на бакар, Македонија сè уште не го активира потенцијалот на Иловица

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он