„Трафигура“, најголемиот акционер во рудникот „Иловица – Штука“, ќе ја снабдува Германија со гас

Од:

Една од најголемите светски компании за трговија со енергенси и суровини и мнозински сопственик на проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“ „Трафигура“, склучи договор за кредит од 1,5 милијарди американски долари, со гаранција од германската држава, за обезбедување на снабдувањето со природен гас. Договорот ја потврдува стратешката улога на компанијата во европската енергетска безбедност.

Германија продолжува да инвестира во сигурноста на своето енергетско снабдување, потпирајќи се на глобалната трговска и логистичка мрежа на „Трафигура“. Новиот финансиски договор од 1,5 милијарди долари, гарантиран од Сојузна Република Германија, претставува уште еден пример за соработката меѓу државата и приватниот сектор во обезбедувањето стратегиски енергенси.

Во услови кога енергетската безбедност останува едно од клучните економски и геополитички прашања во Европа, ваквите договори имаат значење што го надминува вообичаеното корпоративно финансирање. Тие овозможуваат поголема предвидливост во снабдувањето и ја зајакнуваат отпорноста на европските енергетски пазари.

„Трафигура“ веќе има воспоставено значајно партнерство со Германија. Во 2022 година компанијата обезбеди кредит од три милијарди долари, со делумна германска државна гаранција, за испорака на значителни количества природен гас преку европската гасна мрежа. Во февруари 2026 година следуваше и договор од 1,1 милијарда долари, гарантиран од германската држава, за долгорочно снабдување на германската индустрија со критични метали.

Овие договори ја позиционираат „Трафигура“ како важен партнер на најголемата европска економија, не само во енергетиката, туку и во обезбедувањето суровини неопходни за индустријата, технолошкиот развој и енергетската транзиција.

Новата финансиска соработка испраќа јасен сигнал: во време на глобална неизвесност, Германија ја третира сигурноста на снабдувањето со енергенси како стратешки државен приоритет, а „Трафигура“ како еден од меѓународните партнери за негово остварување.

„Трафигура“ од 2018 година е мнозински акционер во „Еуромакс Ресоурцес“ која ја поседува концесијата за проектот за рудник за бакар „Иловица – Штука“. Таа е мултинационална компанија со регионални центри на повеќе континенти. Главното седиште за Европа е во Женева, Швајцарија, а потоа следуваат и Хјустон, САД, како и Монтевидео за Јужна Америка, но и Мумбаи во Индија. „Трафигура“ се наметнува и како најголемиот приватен трговец со метали во светот и втор по големина трговец со нафта, која опстојува во економиите на 36 земји, со отворени преку 65 канцеларии.

Би можело да ве интересира

Светот се подготвува за растечка потреба од бакар, Македонија дебатира за Иловица

Светските развојни банки ја засилуваат поддршката за критичните суровини, ЕБОР веќе присутна во Иловица

ЕУ најавува трет повик за стратешки рударски проекти до крајот на 2026 година

А1он

Европа инвестира во критични суровини, а Македонија треба да одлучи како ќе го искористи својот бакарен потенцијал

Коридор 8 и критичните минерали отвораат стратешка можност за Македонија

Од дата-центрите до електромрежите: светот ќе бара сè повеќе бакар, Македонија го има потенцијалот за нов рудник

А1он