Министерот Блерим Беџети денеска потврди дека предметот за случајот „Монструм“ е во Министерството за правда, но не прецизираше кога ќе го испрати во Косово од каде треба да се екстрадираат обвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.
На новинарско прашање за екстрадицијата на првообвинетите во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, министерот Беџети одговори дека овој предмет е во Министерството за правда.
– Се работи по овој предмет и согласно законите и билатералниот договор ќе се постапиме по него, додаде министерот за правда.
Демири и Исмаиловиќ, по 11-месечно бегство, беа уапсени на 3-ти овој месец во Приштина.
Во врска со екстрадицијата од Косово на скопјанецот Алмир Дрпљанин, кој беше уапсен во минатото лето на Косово, министерот Беџети рече дека Министерството за правда ги има преземено сите чекори.
– Постапивме по барањето, документите се доставени до косовските институции со кои сме во комуникација, но се уште нема конечен исход, изјави Беџети пред денешниот состанок на Меѓуресорска комисија за извршување на одлуките на Европскиот суд за човекови права.
Алмир Дрпљанин е осуден на доживотен затвор за убиството на еден припадник на полициските „алфи“, но и за учество во грабеж на возило на Комерцијална банка. Дрпљанин.