Предметите кои Петар Аневски ги „чуваше во фиока“ денес пред членовите на Советот

Од:

Под притисок на членовите на Советот за јавни обвинители, Петар Аневски денес на маса ќе ги стави предметите кои ги „чуваше во фиока“ и со тоа ги одолговлекуваше случаите „Пуч“ и „Сопот“.

Обвинителите, побарале Аневски, во договор за Зврлевски да не ги чува предметите.

Од Советот на обвинители се бараше да се се произнесе дали случајот „Сопот“ ќе му биде препуштен на СЈО или пак, како што очекуваат, со смената на Зврлевски ќе се сменат и околностите и ќе има правично застапување од страна на Обвинителството што значи повлекување на обвинението против обвинетите

СЈО во неколку наврати соопштуваше дека има доволно докази за овој случај. За „Сопот” се осудени 11 жители на ова село со вкупно 150 години затвор под обвинение дека поставиле мина од која загинаа двајца полски војници.

На „чекање“ беше и случајот со еден од обвинетите во „Пуч“. Прво Јавниот обвинител Марко Зврлевски со месеци ја криеше иницијативата со која се бараше заштита на законитост и поништување на спогодбата што ја склучи Обвинителството за гонење организиран криминал со Звонко Костовски, еден од обвинетите во „Пуч“, вработен во МВР.

Зврлевски не кажуваше зошто иницијативата за БЗЗ, иако изработена, не е процесуирана до Врховниот суд, ниту пак, предметот не и е доставен на специјалната јавна обвинителка.

СЈО воспостави надлежноста над предметот „Пуч“, но Аневски не го ставаше на дневен ред отстапувањето на доказите на СЈО.

СЈО во јануари го повлече „Пуч“ објаснувајќи дека во истрагата „Тврдина“ дошле до докази кои се целосно спротивни на ова што е прикажано во „Пуч“.

Во случајот „Пуч“ останува да „виси“ пресудата за шестообвинетиот Звонко Костовски. Дали фактот што Костовски може да се јави во улога на главен сведок во „Тврдина“, кој треба да ја открие вистината кој и за каква цел прислушувал, создава институционална спрега, чија крајна цел е сопирање на работата на СЈО?

Уште повеќе поради тоа што тимот на Јанева го троши последната недела за поднесување обвиненија.

Климата во Советот е сменета и Аневски остана осамен во поддршката за Марко Зврлевски.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за осум и мерки за претпазливост за четири лица уапсени во рамките на истражната постапка за проневера на над 180 милиони денари во ФФМ

Предраг Петровиќ

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор