Предмет „Тенк“: Сослушан личниот возач на Груевски

Од:

Личниот возач на поранешниот премиер Никола Груевски, Ацо Јаневски, како и останатите сведоци на одбраната денеска пред Судот посочија дека набавката на мерцедесот била неопходна.

Јаневски рече дека често се соочувале со механички проблеми од кои како главен проблем биле гумите на возилото, барајќи такви гуми веќе не се произведувале и морале да стават други, со што како што додаде, била загрозена безбедноста на премиерот.

– Такви неисправни возила не треба да бидат во употреба, рече Јаневски, додавајќи дека сугерирале до надлежните дека возилото не е за користење и оти треба да се најде соодветна замена.

Сведокот Марјан Милошевски рече дека старото блиндирано возило „мерцедес С500“ било произведено во 1993 година и дека не било користено од претходниот премиер (Владо Бучковски). Тоа, како што рече, го утврдиле по тоа што деловите од подвозјето биле рѓосани.

– Ова возило беше однесено на сервисирање. Имаше поминато 100.000 километри. И доколку јас би се прашувал уште тогаш возилото требаше да биде ставено надвор од употреба и да биде набавено ново, рече Милошевски, кој е вработен во МВР и бил возач на блиндирано возило.

Наведе повеќе примери кога возилото ги оставало во дефект. Таков бил случајот кога се враќале од браната Злетовица кога менувачот се заглавил во втора брзина поради што премиерот морал да го возат со друго возило, со што бил доведен во опасност неговиот живот.

Поради тоа му сугериравме на Дејан Митровски – Урко, кој беше во контакт со премиерот, да му укаже на потребата од набавка на ново возило, рече Милошевски.

Лично, како што истакна, на Груевски не му пречело да се вози со друго возило.

– Но ние инсистиравме да се набави ново возило затоа што не дај боже да се случеше нешто ќе одговаравме многу луѓе, рече Милошевски.

Судијката Добрила Кацарска го опомена Никола Груевски да не го користи мобилниот телефон во судница и да не пишува пораки и дека ако го направи тоа уште еднаш ќе му биде одземен.

Груевски одговори дека не пишувал порака на телефонот.

Би можело да ве интересира

Тенк прегази двајца војници во Полска: Едниот загина, другиот во критична состојба

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Украинскиот амбасадор во Германија ја поздрави „големата тенковска коалиција“

А1он

Британско разузнавање: Москва испраќа нови тенкови на бојното поле, војниците не ги сакаат

Варшава очекува брзо одобрение од Берлин за испраќање тенкови во Украина

А1он