Предизвиците и можностите на волонтерската работа

Од:

По повод Меѓународниот ден на волонтерството, 5 Декември, невладината организација Европски Центар СН7 од Тетово, организираше еднодневна Конференција на тема: “Предизвиците и можностите на волонтерската работа”. Конференцијата се одржа во просториите на Информативниот Центар на Европската Унија во Скопје и на неа учествуваа претсавници на граѓанското општество, претставници на волонтерските центри, волонтери од разни земји, претставници од државните институции, протагонисти на младинските политики, итн.

Целта за организацијата на оваа конференција беше подигањето на јавната свест за доброволната работа, соочувањето со предизвиците кои произлегуваат од волонтерството и да се расправа за новите и по погодни можности за волонтерската работа. Учесниците ги изразија своите идеи за ова света мисија каде се нагласуваат позитивните и алтруистичките човечки чувства.

Златко Талески, извршен директор на Младинскиот Културен Центар – Битола, истакна дека организираното долгорочно волонтирање секогаш се соочува со предизвиците за ефикасна имплементација, ако не се почитуваат принципите за квалитетен волонтерски менаџмент. “Овој процес налага задолжителна потреба од едукација на волонтерските лидери и менаџери за циклусот на системот за волонтерски менаџмент”, исто меѓу другото г. Талески.

Роња Киндлер, германска волонтерка во Центарот за Едукација и Развој – ЦЕД, рече дека луѓето во Македонија се главната причина, зошто таа се осеќа многу добро во оваа земја. “Јас ја ценам тоа што луѓето овде се многу пријателски настроени и отворени. Насекаде се чувствувам дека сум добредојдена”, истакна госпоќицата Киндлер.

Наим Илјази, раководителот на младинскиот сектор на Здружението “Јосиф Багери”, истакна дека волонтерството треба да се сфати како граѓанска храброст, која ги брани основните права на општеството и животната средина, без никаква материјална корист. “Волонтерството, како интеркултурен начин на размуслување, пред се е граѓански концепт за решавање на проблемите, за превентивно и интегрирано општество на терен“, изјави, г. Илази.

Ова конференција е дел на долгорочната стратегија на делувањето на Европскиот Центар СН7, која меќу другото се залага и за: совесна и чесна имплементација на „Законот за волонтерство“, институционализацијата на доброволната работа, значително медиумско покривање на волонтерските активности и повик за без резервна поддршка од разните институции од земјата за младите волонтери.

Би можело да ве интересира

Волонтерите од „Сите заедно можеме“ ќе ги возат возрасните и изнемоштените до вакциналниот пунк во Струмица

Катерина Ѓуровски

Пендаровски до волонтерите: Вие сте пример како треба да бидеме солидарни и да помагаме

Повик за апликации од Мировен корпус Северна Македонија

А1он

Архитектите од Македонија понудија помош за проценка и санација на штетите во Албанија

ЕВН го одбележa Меѓународниот ден на волонтерите

Ана Ололовска

Младинските организации бараат решение за проблемот за виза за престој на европски волонтери

Ана Ололовска