Предизборни математики во Србија

Од:

Седумтте милиони регистрирани гласачи во Србија имаат дилема помалку. Без оглед за која од двете најголеми политички партии во земјата ке се определат и ке и го дадат својот глас во едно нема да згрешат-тоа ке биде и глас за Србија во европското семејство. И Демократската партија на Борис Тадиќ и Народната странка на преобразениот радикал Томислав Николик, најавуваат победа, сметајки на околу 30 тина проценти од гласачите.

Тадиќ и неговите демократи на Србите им нудат континуитет на патот кон ЕУ, ја нагласуваат својата улога во стабилизацијата на безбедноста во регионот преку поинаквата политика во односите со соседите, пред се Хрватска и БИХ, што ја демонстрираа во изминатите неколку години. Но, демократите на Тадиќ веке осум години се на власт во Србија, доволно долг период по кој граѓаните со право се незадоволни за едно од клучните полиња – економијата.

Просечната плата во Србија е 380 евра а дури секој 4 граѓанин е невработен. Ако на тоа се додадат корупцијата, нереформираната јавна администрација, судството и партиските вработувања , тогаш станува јасна загриженоста на Тадиќ и неговите сопартијци.

Напредњаците на Николиќ токму тука ја гледаат својата шанса.

Прашањето и во Србија но и во Брисел е колкав е вистинскиот капацитет на Николиќ и неговата партија за решавањето на клучните проблеми на српското општество..

Она што можеби ке биде пресудно е коалицискиот капацитет на Николиќ и Тадиќ во ситуција кога сосема сигурно го немаат потребното мнозинство. Тука Тадиќ е со голема предност, која во два наврати веке ја користеше..

Судејќи според анкетите, некогашната Социјалистичка партија на Слободан Милошевиќ сега предводена од Ивица Дачиќ, ке биде најголемиот добитник на изборите. Доколку ги освои прогнизираните 12-15 проценти , некогашниот портпарол на Милошевик , Ивица Дачик сосема сигурно ке може да си го побара посакуваното-премиерската позиција во новата влада..

Цензусот од 6 проценти потребен за влез во Парламентот не е спорен за Либерал-демократите на Чедомир Јовановиќ. Радикалите на Шешељ, Демократската партија на Србија на Воислав Коштуница и Обединетите региони на Србија на Млаѓан Динкиќ се на границата. Шансите на Националистичкото движење Двери, зависат од излезноста. Поради најавениот бојкот на изборите од страна на Албанците во Прешевската долина, останува прашањето дали Албанците ке имаат свој претставник во српскиот Парламент.

Што се однесува до изборната трка за претседателската функција, јасно е дека ке има и втор круг. Без оглед на забелешките дека Тадиќ ги присвоил сите полуги на власта, дека тој всушност ги носеше сите одлуки. Тој за демократскиот и либералниот дел на српското општество сеуште е поприфатлив од преобразениот радикал Томислав Николиќ.

Сафет Бишевац – пратеник во Собрание на Република Македонија

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска