Предавање за „Британските емпиристи III: Ејер и логичкиот позитивизам“ на професорот Стефан Прист

Од:

Во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Филозофскиот факултет-Скопје, Филозофско друштво на Македонија и Амбасадата на Велика Британија-Скопје денеска во Скопје предавање на тема „Британските емпиристи III: Ејер и логичкиот позитивизам“ ќе одржи професорот Стефан Прист.

На настанот свои обраќања ќе имаат академикот претседателот на МАНУ Владо Камбовски,раководителот на Институтот за филозофија проф. д-р Иван Џепароски, претседателот на Филозофското друштво на Македонија Љупчо Митковски, и амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет.

Стефан Прист е професор по филозофија на Белкфраерс Хол, еден од најстарите колеџи на Оксфордскот универзитет. Член е и на Колеџот Волфсон, Оксфорд и на Хјуџиз Хол, Кембриџ.

Автор е на повеќе дела, меѓу кои позначајни се „Британските емпиристи“, „Теори за умот“, „Мерло-Понти“, „Субјектот доведен во прашање“, „Ниче и Зен“, „Кантовиот напад на картезијанскиот дуализам“.

Бил и уредник на Хегеловата критика на Кант и Жан-Пол Сартр: Основни списи, Филозофски речник.

Предавал на универзитети во САД и Европа. Неговите дела се преведувани на холандски, шпански, руски, јапонски и корејски јазик.

Во 2007 година во МАНУ е промовирана неговата книга „Теории за умот“, во превод на д-р Ристо Солунчев.

Би можело да ве интересира

УКИМ повторно рангиран на 1.990 место од 2.000 најдобри универзитети во светот

УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“

Почина академик Јордан Поп-Јорданов

Горан Наумовски

Вработените на петте јавни универзитети на мирен протест побараа потпишување на колективен договор и изедначување со УКИМ

Горан Наумовски

Попов: МАНУ има капацитет да ѝ помогне на државата во справувањето со тешките општествени појави

Горан Наумовски

Ристов: Непочитувањето на колективен договор на УКИМ е кршење на принципот на владеење на правото