Македонецот Виктор Груев кој работи како професор на Универзитетот „Вашингтон“ во Сент Луис во Мисури денеска на охридскиот Универзитет „Апостол Павле“ ќе одржи предавање на тема „Инспирација од природата за сензори во хирургијата“.
Груев кој има 39 години е изумител на специјално дизајнирани очила со кои хирурзите за време на операциите можат да ги видат клетките на туморот.
Во своето предавање професорот Груев ќе зборува за два типа на сензори чиј дизајн е заснован врз визуелни системи на животни и нивната примена во неврологијата и онкологијата.