А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Предавање на офицерот Сели Пеинтер за НАТО Самитот во Кардиф

by А1он15/07/2014 - 08:22191
Share0

Сели Пеинтер, ко-основач и главен оперативен офицер на „Blue Star Strategies LLC“ денеска ќе одржи предавање на тема „НАТО Самитот во Кардиф: Стратегија за проширување и искуства од претходните самити“.

Добивај вести на вибер

На предавањето, што ќе се одржи на Воената академија во Скопје, ќе присуствува министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Во рамки на својата кариера,  Пеинтер работела на високи позиции во Владата на САД и во големи приватни корпорации. Таа има искуство работејќи со регионот на Централна Европа, во областа на одбраната и безбедноста, а особено во претставувањето на дел од земјите во нивната намера за членство во НАТО и Европската унија.

Пеинтер работела и на многу важниот закон во САД за ослободување на визниот режим со седум земји од регионот. Раководела и голем број проекти, а била и на позицијата виш советник за повеќе глобални НАТО-самити како: самитот во Вашингтон (1999), во Прага (2002), Истанбул (2004) и Рига (2006).

На оваа функција таа има работено директно со лидерството во соодветната земја, со генералните директори на глобални корпорации, со американскиот Конгрес, со НАТО, но и со администрациите на претседателите Буш и Клинтон. Пеинтер е и член на Бордот на американскиот комитет за НАТО.

armmonato

Би можело да ве интересира

Захарова: НАТО е заинтересиран само за едно нешто – да ѝ нанесе стратешки пораз на Русија

Горан Наумовски18/03/2026 - 12:49

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 10:35

Руте: Членките на НАТО ја поддржуваат војната на Трамп против Иран

Горан Наумовски05/03/2026 - 07:23

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО

Горан Наумовски04/03/2026 - 13:05

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:5003/03/2026 - 17:51

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Горан Наумовски03/03/2026 - 15:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен