Предан: Реално е да се подготви теренот за договор меѓу Скопје и Софија, сигналите од Бугарија се охрабрувачки

Од:

Остануваме оптимисти за решение на прашањето со Бугарија до крајот на годината. Сметам дека се уште е реално да се очекува дека барем може да се подготви теренот за да се дојде до договор, што може да биде донесен во јануари. Сигналите од потенцијалниот нов премиер на Бугарија се охрабрувачки, тој има порационален пристап, велејќи дека историјата не треба да биде главно прашање во билатералниот дијалог, туку само дел од него, изјави во интервју словенечкиот амбасадор Милан Предан.

Тој смета дека од друга страна треба да бидеме реалисти, бидејќи времето е кратко, само две-три недели до 14 декември кога ќе се одржи Самитот на ЕУ и кога би требало да биде донесена формална одлука за почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија.

– И ова е тесна временска рамка. Особено ако ја земеме предвид актуелната ситуација во двете земји – во Северна Македонија и во Бугарија. Но, се надеваме дека ситуацијата во земјава ќе се разјасни во наредните денови со цел да се види дали власта ќе има ново мнозинство во Парламентот и тоа ќе биде многу важно. Сега имаме премиер во оставка и важно е да имаме силна политичка влада со цел таа да може да носи тешки политички одлуки. И конечно, за да се дојде до решение со Софија ќе требаат големи политички одлуки. На другата страна имаме ситуација и во Бугарија. Добрата работа таму е што ќе се формира влада по третите парламентарни избори, таму се избра и претседател, но тешко е да се очекува дека тој самиот, без конститутиран Парламентот, ќе носи политички одлуки, вели Предан за МИА.

Тој нагласува дека во ЕУ нема консезус за вклучување на бугарските барања во преговарачката рамка и тоа не би требало да се случи.

– Имаше и други предлози како да се одговори на нивните барања. Нашето претседателство работи на можни решенија што ќе бидат прифатливи за сите земји, вклучително и за Бугарија, но не можам да одам во детали, рече Предан за МИА.

Тој посочува дека сега треба да се решат две прашања, првото е билатералното прашање и ја охрабрува Владата на земјава да дојде до некаков договор во врска со патоказот.

– Другото прашање е како да се излезе во пресрет на бугарските барања, со тоа што ЕУ на некој начин ќе го мониторира процесот на спроведувањето на билатералниот договор. Убеден сум дека ако се најде решение на билатерално ниво, ќе биде полесно да се најде решение за второто прашање, вели Предан.

Словенечкиот амбасадор посочува дека за решавање на прашањето меѓу Скопје и Софија, политичката волја е суштинска.

– Ако не сакате да направте договор тешко е да убедите некого да го направи тоа. Прво ни треба решение и за тоа е потребно двете страни да покажат волја. а не само едната. Наративот кој сега е поинаков што го слушаме од Софија, ни дава надеж дека ќе дојдеме до решение за овие прашања, рече Предан за МИА.

Целото интервју на словенечкиот амбасадор заедно со видео материјалот ќе биде објавено утре.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски