Пред крај на „ТНТ“ се смени адвокат на обвинета

Од:

На денешното судење за предметот за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, се сменил адвокат на една од обвинетите во предметот, потврдија од судот за „А1он”.

Станува збор за обвинетата Елизабета Најдовска, на која, адвокатот Димитар Дангов, и’ го откажал полномоштвото, па бил назначен нов адвокат од Тетово, Мерџан Даути, кој побарал увид во доказите. Судот тоа го дозволил за утре.

Предметот се суди година и 9 месеци и е пред крај со распит на обвинетите и изнесување завршни зборови. Останува неизвесно дали и колку тоа ќе влијае врз брзината на судењето и донесувањето пресуда за случајот.

Обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и останатите четворица обвинети Елизабета Најдовска, Насер Алев, Марика Зафировска и Александра Димитриева, на почетокот на судењето кажаа дека не се чувствуваат виновни.

Според обвинението, обвинетите ја злоупотребиле службената положба и овластување и поради политичка освета му урнале дел од објектот на Цаноски, за што тој ја тужи државата во Стразбур

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов