Празникот Водици одбележан во Битола, Новаци и Могила

Од:

Православните верници од преспанско-пелагониската епархија продолжувајќи ја традицијата на христијанскиот празник Водици, денеска во голем број присуствуваа во црквите каде што се одржа свеченот чин на фрлање крст во осветените води.

Централната манифестација во Битола се одржа во Храмот „Св.вмч. Димитриј“ каде богослужеше митрополитот г. Петар, а по положувањето во црковните води крстот по трет пат го фати 21-годишниот Никола Свенчев, кој на средбата со новинарите најави дека сите собрани финансиски средства што ќе му бидат доделени од оваа манифестација ќе ги донира во реконструкција на битолската црква „Св.Архангел Михаил“.

– На Водици редовно доаѓам и доаѓав в црква и пред да бидам избран за градоначалник. Им честитам на овие храбри и достоинствени момчиња- верници, рече битолскиот градоначалник Владимир Талески, кој утре напладне ќе приреди прием за Никола Свенчев кој годинава по трет пат го фати светиот крст.

Во црквата „Св.Атанасиј“ во Новаци во светите води во барањето и фаќањето на крстот учествуваа 20 момчиња, а годинава најсреќен е Илче Димовски во чии раце заврши богојавленскиот крст.

– Оваа вековна манифестација сме ја поддржувале и поддржуваме од секогаш. Годинава богослужбата се вршеше во 15 цркви, а фрлањто на крстот беше во црковните базени, но и во неколку мариовски реки во селата Маково, Зовиќ и други места. На сите момчиња што го фатија крстот им доделивме награда телевизор, истакна градоначалникот Лазар Котевски.

Во црквата „Св. Архангел Михаил“ во Могила по утринската богослужба, највешт меѓу најхрабрите момчиња беше Владе Бозајковски, кому градоначалникот на општина Могила Славко Велевски му додели пригодна награда.

Би можело да ве интересира

Осум продолжени викенди за сите граѓани во 2024

Влада: Мерката за замрзнати цени продолжена до 31 јануари поради празниците

A1on

Петок пред Духовден неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Ана Ололовска

Денот на сесловенските просветители неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска

Националниот ден на Власите, 23 мај – неработен ден за граѓаните припадници на влашката заедница

Ана Ололовска

Првиот ден на Рамазан Бајрам неработен за сите граѓани на Македонија

Ана Ололовска