Празна судница на судењето „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Судијката Даниела Алексовска Стојановска, го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Причина за одлагањето е што не дојдоа ниту адвокатите на Никола Груевски и на Кирил Божиновски, ниту обвинетиот Божиновски.

Адвокатите го известиле судот дека се спречени да присуствуваат на рочиштето поради присуство на друго рочиште, и поради патување во странство. На судењето немаше присутен ниту обвинител од СЈО. И двете страни побарале од судот одлагање на судењето.

Следното рочиште е закажано за 19 септември.

Во „Талир 2“ се обвинети се бегалецот Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Според СЈО, тие злоупотребувајќи ја службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во времето на обезбедување на услугата, фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на разни луѓе.

Би можело да ве интересира

Скопска Апелација го врати „Талир 2“ на повторно судење пред првостепениот суд

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Јавната седница во Апелција за предметот „Талир 2“ презакажана за 29 септември

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ ќе се жали на одлуката за Талир 2, ако треба ќе оди и до Стразбур

Катерина Ѓуровски

Лапе: Обвинителството најверојатно ќе поднесе жалба за условната казна на Божиновски

А1он