Православните христијани во Охрид и охридско ја празнуваат Голема Богородица

Од:

Православните верници од Охрид и околината со богослужбa и верски обичаи денеска го одбележуваат празникот Успение на Пресвета Богородица, во народот познат уште и како Голема Богородица.

Света архиерејска литургија во Дебарско-кичевската епархија утрово се служеше единствено во црквата Св. Богородица – Каменско во Охрид, а со богослужбата чиноначалствуваше владиката Тимотеј.

По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во излетничкото место Скребатно во близина на Охрид традицонално се одржува голем црковно-народен собир, на кој се очекува присуство на илјадници верници.

За празникот Успение на Пресвета Богородица се приготвува и дели ручек за пет илјади луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века. Секоја година на празникот во Скребатно се одржува наддавање за светиот крст, а средствата собрани од учесниците во наддавањето се искористуваат за надградба и одржување на светиот храм и излетничкото место.

Црквата „Света Богородица“ во Скребатно целосно е возобновена пред 12 години, врз темелите на стариот храм чија старост не е точно утврдена. Скребатно по прв пат во пишан документ се спомнува во 1583 година.

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Скопјанка прегазена на улица во Охрид

А1он

Од 12 октомври „Безбеден град“ во Охрид, Дебар, Кичево и Струга

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Од 15 до 30 минути се чека на „Богородица“ за излез од земјава

На граничниот премин „Богородица“ за излез од земјата се чека 45 минути