Право на граѓаните е да живеат во здрава животна средина

Од:

Северна Македонија е загрижувачки се позагадена држава. Граѓаните заслужуваат чиста вода за пиење, здрава животна средина и квалитетни комунални услуги по пристапни цени.

На одбележувањето на 15 години од формирањето на АДКОМ, здружение во кое членуваат повеќе од 80 јавни комунални претпријатија, отворено се проговори за сите проблеми. Се апелираше добро да се разгледаат сите аспекти и штетни последици со почетокот на примената на Законот за зелените пазари, за задолженоста на комуналните претпријатија,кон државните институции и према ЕВН, проблемите кои ги предизвикува постоечкото решение за статусот на вработените во ЈКП, недостатокот на возила и механизација во комуналните претпријатија, човечките капацитети, и висината на платите во претпријатијата.

Јавните комунални претпријатија се од исклучителна важност за секојдневието на секој граѓанин. Ниту еден ден без нивната работа, рече претседателот на УО на АДКОМ Зоран Горгиев, е невозможен, затоа што, тоа би значело дека низ нашите чешми не би течела вода, а улиците би биле преполни со отпад.

Претседателот на Владата Зоран Заев, во своето обраќање ја истакна важноста на овие претпријатија за да можат граѓаните да функционираат во чиста, здрава и достоинствена животна средина.

„На Владата останува да го одржи континуитетот за пристап на општините и на јавните комунални претпријатија до програмите за донации и грантови за развој, преку домашните, европските и другите меѓународни фондови. На вас останува да работите на оптимизирање и на намалување на трошоците во работата, на намалување на губитоците во системите“, потенцираше премиерот Заев на одбележувањето на јубилејот – 15 години АДКОМ.

Би можело да ве интересира

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Чебрен пропадна: Грчката компанија не можела да подигне кредит од банка за да гради

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари