Правдата во земјава е погребана реагираат АА и Алтернатива

Од:

Остра реакција за средбата меѓу шефот на државата Стево Пендаровски и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од опозициската коалиција Алијанса за Албанците (АА) и Алтернатива. Според нив со вчерашната средба, правдата во земјава е погребана. Ја обвинуваат и владејачката ДУИ, за чии членови велат дека се спремни да дадат сè за да избегаат од правдата за сите злосторства што ги сториле.

– Претседателот Стево Пендаровски и лидерот на македонската опозиција, Христијан Мицкоски, одлучуваат и вршат притисок врз судовите и обвинителството во врска со најсериозниот терористички акт во земјава, насилството врз највисоката институција и избраните претставници на народот. За да го легитимираат целиот овој скандал, тие му наложуваат на претседателот на партија на Албанците во Владата, Али Ахмети, да излезе и уште порешително да суди дека на 27 април немало тероризм. Тие никогаш не ја отворија устата, ниту за монтираните случаи против Албанците, ниту за амнестијата на убиецот на малиот Алмир – рече Наим Бајрами од Алијанса за Албанците.

Би можело да ве интересира

АА на Села за првата половина на 2026 најавува конгрес

Беким Сали нов лидер на Алтернатива, Ибрахими поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Ибрахими: Ако ДУИ сака да опстане, Ахмети мора да си замине од ДУИ

Лога: И по притисокот на Таравари и неговиот газда, тој не го добил предметот за „печатите на АА“

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците: Муртезани и Фетаи да сносат одговорност за скандалот со ИПА фондовите

Алтернатива: ДУИ креира лажни вести, Гаши ќе присуствува на Самитот на НАТО

Катерина Ѓуровски