Правда бара Турција да го држи Палевски во притвор, почна постапката за екстрадиција

Од:

Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција се до завршувањето на постапката. Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање информираат од Министерството.

Министерството за правда денеска во 09:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција. Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција, се вели во соопштенето од Министерството.

Министерството за правда во постапката треба да ги прими списите, да се изготви барање за екстрадиција, сите документи треба да се преведат на турски јазик (ОЈО ги преведува своите а Министерството за правда барањето за екстрадиција), да испрати по ДХЛ (претходно праќа електронски преку ИНТЕРПОЛ)

Во однос на законската постапка за екстардиција, Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава. Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР – СМПС – ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница.

– Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција. Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција.
Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице. По завршување на постапката пред странската држава се договара превземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ), информираат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Адвокатот што го возел Палевски до Турција се онесвестил кога прочитал за што го обвинуваат Палевски

Катерина Ѓуровски

Палевски дојде кај мене да го поправи котелот за греење ден по убиството на Вања – сведочи негов пријател

Катерина Ѓуровски

Продолжува судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Сослушано семејството на таткото на Вања, судењето продолжува на 20 ноември

А1он

Дедото на Вања Ѓорчевскa: Син ми беше зависник од дрога, ама се излекува пред да се ожени

А1он

Сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за убиството на Вања, имал паничен напад

А1он