Права и обврски за заштита на животната средина

Од:

Стопанската комора на Македонија во соработка со УСАИД денеска со преку 30 фирми од регионот одржа информативна сесија насловена „Права и обврски кои произлегуваат од законските одредби од областа на животната средина и урбанизмот“.

Според Јдранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија ова е четврта сесија од планираните 18 низ Македонија, а прва која се однесува на законската регулатива и примената за заштитата на животната средина.

– Почнавме серија од информативни средби, пред се со малите и средни претпријатија во земјава за теми кои се проблем за стопанствениците. Во нашите анкети, половината од македонските фирми се изјаснија дека имаат проблем со законската регулатива во областите на царината, даноците, работните односи и во заштитата на животната средина. Оваа е прва средба од областа на правата и обврските во примената на законската регулатива за животната средина. Преку дискусии сакаме да ги детектираме проблемите и доколку е потребно и институционално да реагираме за нивна промена, вели Аризанковска.

Тамара Тодоровска од Епи центарот Интернационал смета дека експертите кои се ангажирани ќе ги појаснат состојбите.

– Преку дискусиите треба да се образложат проблемите и да се регулира практичната примена на законските регулативи. Планирани се 18 инфо-сесии низ Македонија. Оваа е четврта. Првите три се однесуваа на регулативите во царината, даноците и работните односи, а оваа е прва што ја опфаќа областа на животната средина, истакнува Тодоровска.

Според консуслтантот, експерт Славјанка пејчиновска Андонова, Македонија со дури 90 насто преку 100-те законски прописи ги усогласила со оние од Европската унија. Но проблем е практичната примена.

-Денеска опфативме повеќе области на дискусија зашто очигледно е дека на малите и средни фирми им е проблем практичната примена. Ги опфаќаме областите од градежништвото, обезбедувањето еколошки дозволи, регулативите во отстранувањето на отпадот, и оној електричниот. Треба да се имаат предвид забелешките на фирмите и доколку е потребно да се усогласат со прописите, вели Дојчиноска Андовска.

Кога станува збор за заштитата од загадувањето на воздухот, повата и водите, според Дојчиновска Андоновска треба сите општини да изготват катастар на загадувачи за да се детектираат изворите на загадувањето. Засега само една општина во земјава го направила тоа.

– Неопходни се такви катастари на загадувачи зашто секоја област во земјава има разни извори на загадување. Некаде е воздухот, како во Скопско, Кумановско, некаде се други загадувачи. Битно е да се детектираат изворите за да се бараат решенија. Во моментов само општината Карпош има катастар на загадувачи, вели Дојчиновска Андонова.

Би можело да ве интересира

Трошоците за заштита на животната средина лани изнесувале 7 840 633 000 денари

Синкевичиус: Приклучувањето на Северна Македонија кон ЛИФЕ ќе придонесе за позелен и поодржлив континент

Државниот инспекторат за животна средина направил вонреден надзор на изградбата на мини хидроцентралата Мала Река кај Кочaни

Ана Ололовска

Шукова: Се обидувам да видам што се случува со средствата доделени од Владата за спас на Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Министерството за животна средина: Од 1 јануари стапува на сила Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад

Ана Ололовска

Нуредини: Првиот контејнер со контамирана земја од ОХИС замина за Германија

Ана Ололовска