Пратениците од Европски фронт ја напуштија седницата на Собранието поради Законот за игри на среќа

Од:

Пратениците на Европскиот фронт ја напуштија 12-тата седница на Собранието на која треба да се расправа за ребалансот на Буџетот. Тие се незадволни од симнувањето на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во прво читање од дневниот ред.

Како што истакна Блерим Беџети од Европскиот фронт додека не одлучи матичната комисија околу законот тие ќе ја напуштат седницата во знак на протест.

Претходно Беџети од Европскиот фронт во процедурално обраќање истакна дека не може закон предложен од пратеник да биде повлечен од друг пратеник. Опозицијата ќе предложи закон и утре, а мнозинството ќе го повлече и каде ќе дојдеме, рече Беџети.

Потоа, пратеникот Талат Џафери праша по кој деловник работи Собранието и додаде дека нема такво нешто во Деловникот што го усвои претходниот собраниски состав пред крајот на мандатот. Обвини за флагрантно кршење на постапката и за мајоризација на работата на Собранието. Рече дека никогаш досега немало симнување на точка од дневниот ред поднесена од опозицијата по редовна постапка на барање на пратеник од владејачкото мнозинство.

-Не смеете да ја прекинете постапката кога е таа започната, рече Џафери.

Илире Даути од Европскиот фронт, пак, обвини за воспоставување политичка диктатура во земјава и за одземање на правото за разгледување на закон поднесен по редовна постапка. Како што рече, не може некој да го одземе нејзиното право да поднесе законско решение и да го мајоризира неговото право и на тој начин да и го одземе тоа право.

-Се крши моето право да предложам закон во редовна постапка и му се дозволува на некој друг пратеник да ми го одземе тоа право. Овој закон помина на Комисијата за финансирање и буџет и денеска се трга од дневен ред без притоа повторно да оди на Комисијата. Не сакате да зборувате за игрите на среќа и затоа го тргате од дневен ред. Автентичното толкување нема врска со законот што ни го одземате, рече Даути и додаде дека на тој начин се одзема правото на пратеник да предложи закон во редовна постапка.

Халил Снопче од ВРЕДИ рече дека Европскиот фронт прави театар за законот за игри на среќа и додаде дека не може со тоа да се излаже јавноста.

Би можело да ве интересира

Меџити: До Нова година ќе се донесе нов Закон за игри на среќа, кој ќе биде поригорозен

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година