Пратениците едногласно го донесоа Законот за амнестија

Од:

Со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и „воздржан“, пратениците го донесоа Законот за амнестија. Пратениците од Алијанса за Албанците, Зијадин Села и Сурија Рушиди не беа присутни во собраниската сала, додека Горан Милевски од ЛДП ја напушти салата во моментот кога беше најавено гласањето.

Пред гласањето, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски од собраниската говорница рече дека тој и пратеникот Панчо Минов, ќе го поддржат законот и дека требало да се погледнат во очи и да продолжат напред.

„Се приклучуваме кон процесот, како предлагачи“, рече Димовски.

Пратеникот од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, Зекир Рамчиловиќ, рече дека овие 2 години биле најтешките години во македонската парламентарна демократија и порача да не се дозволи и наредните две да бидат такви.

„Да си подадеме рака, да се помириме, да простиме. Сметам дека помирувањето е исчекор. Да се надминеме самите себеси. Затоа и ние осум пратеници од нашата пратеничка група го започнавме овој процес, кој резултираше со законот за амнестија. Токму со него треба да се стави крај на поделбите. Наша одговорност е да испратиме порака и до граѓаните дека имаме повисока цел, да живееме заедно без поделби, без навреди, без враќање кон минатото. Гласањето за овој закон е чин на помирување и на градење доверба. Има уште една повисока цел, а тоа е државата да оди напред, кон ЕУ и НАТО“, рече Рамчиловиќ.

Осумте пратеници на оваа пратеничка група, која беше дел од ВМРО-ДПМНЕ, дадоа поддршка на уставните измени со што на некој начин го условија парламентарното мнозинство кон донесување на ваков закон.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија, овој пат во редовна постапка

Орце Костов

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Одвај чекам да се потврди кој се грижи за граѓаните, а кој за големите риби, вели Лога пред гласањето за Законот за амнестија

Александар Тодески

Предлог законот за амнестија в четврток на собраниска седница

Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Агелер: Ова не е прв закон за амнестија, нема да биде ни последен, важно е да им се објасни на граѓаните