Адеми: Координаторите на пратенички групи беа запознати со Предлог-законот за амнестија

Од:

Пратеникот и потпретседател на Демократската унија за интеграција Арбер Адеми попладнево на прес-конференција рече дека како партија го поддржуваат Предлог-законот за амнестија. Со ова законско решение, како што посочи, биле запознати сите координатори на пратеничките групи.

– Пред да се усвои во Владата, од Министерството за правда ни го споделија драфтот до сите координатори на пратеничките групи. Однапред бевме известени за содржината на Предлог-законот за амнестија. Тоа е вистината. И на средбата со сите координатори што ја одржа министерот Лога исто така не извести за интенцијата на Министерството за правда водејќи се од реалната ситуација. Ги знаеме условите во затворите и затоа мислам дека интенцијата е добра. Треба сите да се грижиме за похумани услови во овие установи така што Демократската унија за интеграција го поддржува овој Предлог-закон, рече Адеми.

Би можело да ве интересира

Лога: Повторно ќе го поднесам Законот за амнестија, овој пат во редовна постапка

Орце Костов

Не помина Законот за амнестија: 17 пратеници гласаа „за“, а 66 „против“

Александар Тодески

Одвај чекам да се потврди кој се грижи за граѓаните, а кој за големите риби, вели Лога пред гласањето за Законот за амнестија

Александар Тодески

Предлог законот за амнестија в четврток на собраниска седница

Агелер: Ова не е прв закон за амнестија, нема да биде ни последен, важно е да им се објасни на граѓаните

Мицкоски: Ако Спасовски не се согласува со Законот за амнестија, тогаш нека ја напушти владата веднаш