Пратениците без дискусија го прифатија договореното меѓу Заев и Беса

Од:

Со 81 пратеник, пратениците вечерва во Собранието го поддржаа барањето на Беса.

Премиерот Зоран Заев од собраниската говорница изјави дека целта на пратеникот Фадил Зендели, кој е предлагач, не била да го донесе во прашање државјанството, туку барал гаранција етничкиот идентиет на другите заедници да не биде допрен со преводот на државјанството, односно заедниците да не бидат именувани како Македонци.

Амандманот не бил прифатен во формата во која бил поднесен, туку е видоизменет, рече Заев и прочита како ќе гласи:

„Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, во личните документи и патните исправи на граѓаните се пишува на македонски јазик и неговото кирилско писмо. Државјанството, македонско/граѓанин на Република Северна Македонија, во личните документи и патните исправи на граѓаните што зборуваат службен јазик поинаков од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо се пишува на македонскиот јазик и неговото писмо и на тој јазик. Тоа ќе се утврди на тој јазик во сите закони каде што треба да се примени“, гласи видоизменетиот амандман, во Уставниот законик што беше изгласан.

Би можело да ве интересира

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието