Пратеници од СДСМ нема да гласаат за уставни измени, затоа Ковачевски го убедува Мицкоски за поддршка

Од:

Власта бара поддршка од опозициските пратеници за отворање на Уставот, но избегнува да ја потврди бројката на пратеници од парламентарното мнозинство кои ќе гласаат за процесот на внесување на Бугарите.

Но, додека премиерот Димитар Ковачевски работи на убедување на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за добивање поддршка за уставните измени, а министерот за надворешни работи, Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ тврдат дека паралелно се водат поединечни разговори со пратеници од опозицијата, „А1он“ дознава дека сите пратеници од владејачкото мнозинство нема да гласаат за уставните амандмани.

Извори на „А1он“ велат дека двајца пратеници на СДСМ нема да кренат рака за отворање на Уставот, а не се знае ниту конечниот став на „огнената“ група во ДУИ.

Нов проблем за Владата која упорно ги турка уставните измени е што Алтернатива и БЕСА се се погласни дека нема да гласаат ако во Уставот не се избришат за нив навредливите „20%“, а на иста линија е и коалицискиот партнер на Ковачевски, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.

Неофицијално, премиерот Ковачевски затоа инсистира и се надева на договор со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој треба да прифати некое од решенијата кои беа договорени на лидерската средба. Со тоа би обезбедило двотретинско мнозинство и во случај некој од „незадоволните“ пратеници на СДСМ да не крене рака при првото гласање за кое се потребни 80 гласа.

– ВМРО ДПМНЕ нема проблем со внесувањето на Бугарите во Уставот. Мицкоски бараше ДУИ да излезе од Влада, а тие му одговорија потврдно. Потоа и ние им понудивме повеќе места за министри. Им отворивме можност да се приклучат во Владата со цел заедно да ја донесеме одлуката за уставни измени и потоа да одиме на избори – коментираше Ковачевски денес на средба со новинарите.

Но, исто така најави дека на денешната владина седница нема да се разгледуваат уставните амандмани демантирајќи го својот министер за правда, Кренар Лога кој пак вчера рече дека документот треба да стигне на разгледување на следната седница, а тоа е денес попладне.

По разгледувањето на седница на Владата, амандманите треба да бидат испратени во Собранието на разгледување во комисија, но целата процедура се одолговлекува затоа што, како што велат извори на „А1он“, власта купува време бидејќи е далеку од двотретинско мнозинство, односно нема сигурни ниту 70 пратеници.

Министерот Бујар Османи претходно потенцираше дека до првото гласање има шанси за договор со опозицијата.

„ До денот кога на пленарна седница ќе го има првото гласање отворени се опциите да има договор со опозицијата по однос на уставните измени. Јас се надевам дека во наредниот период од Влада до Собранието ќе биде препратен драфтот односно предлогот од страна на Комисијата и тука ќе почнат да се бројат роковите.

Знаете дека треба прво Комисија да разгледа, па десет дена предлогот треба да се седи кај пратениците и така да поминат одредени уставни рокови за да се дојде до првото гласање. До првото гласање имаме шанси за договор со опозицијата“, рече Османи.

Би можело да ве интересира

Ковачевски од Струмица: Му благодарувам на ЗНАМ што ја разјасни дилемата и што застана јавно со ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Ковачевски: Ако ВМРО ДПМНЕ и Силјановска се дограбат до власта, ќе стават рампа на патот на Македонија кон Брисел

(ВИДЕО) Мицкоски: Очекувам ДУИ повторно да прави изборни нерегуларности, истураат и многу кеш во предизборието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Мицкоски: Ваучерите се мал дел, по изборите ќе се шокирате од тоа што се правело

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он