Пратеничката Славјанка Петровска е позитивна на коронавирусот

Од:

Актуелната пратеничка во Собранието од редовите на СДСМ и поранешна дополнителна заменичка на министерот за внатрешни работи во техничката влада, Славјанка Петровска, вечерва објави дека е позитивна на коронавирусот.

„Денес попладнево ненадејно добив покачена температура и омалаксаност додека бев на седница на Собрание. Попладнево се тестирав и за жал резултатот е позитивен. Изминативе денови имав ограниченo движење и физичко присуство на состаноци, каде постојано носев заштитна маска,“ напиша Петровска на Фејсбук.

„Ги почитував правилата, но очигледно е дека имало момент на невнимание. Ве замолувам бидете внимателни, болниците се преполни, лекарите изморени, а ние сме лесни ранливи. Чувајте се,“ додава таа.

Би можело да ве интересира

Министерката за финасии повтори дека никого не навредила: Ќе стане јасно зошто се случуваа сите овие работи

Силјановска Давкова: Во Собранието треба да се мерат зборовите, не е лошо човек да се извини

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Кочоска продолжува со навредите кон Петровска и сите жени

Катерина Ѓуровски

Димитриеска-Кочоска: За мене завршена е темата за инцидентот со пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска

Гаши: Владата треба да биде внимателна во Собранието како се однесува кон пратениците

ВМРО-ДПМНЕ: Се умори јавноста Славјанка Петровска од СДС да глуми жртва

А1он