Пратеничката Моника Зајкова хоспитализирана на Инфективната клиника поради Ковид-19

Од:

Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на коронавирусот и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, откако ѝ се влошила здравствената состојба.

„Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитaлизирана поради заразеност од коронавирусот“, напишала Зајкова на социјалните мрежи, а пренесе нејзиниот сопартиец Горан Милевски.

„Мони, ти посакувам брзо заздравување и враќање на секојдневните собраниски и партиски обврски.
Не го губи борбениот и ведар дух и избори се и со овој предизвик“, напиша тој.

Таа напишала дека и нејзините родители се позитивни на коронавирусот, но за среќа имале полесни симптоми.

„Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна“, пишала Зајкова, а пренесе нејзиниот сопартиец.

Би можело да ве интересира

Зајкова: За 20 години требаше да имаме 80 отсто усогласеност на законодавството со ЕУ

На Инфективната клиника во Скопје недостасуваат дури 100 нови вработувања

Зајкова: ЛДП е фокусирана на своите политики, а не дали ќе настапува во одредено мнозинство

Зајкова: Со новиот предлог закон за платежни услуги се укинуваат неоснованите банкарски трошоци

Горан Наумовски

Пензионер од кочанско почина од компликации од Западно-нилска треска

Катерина Ѓуровски

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски