Седумина со западнонилска треска на Инфективната клиника, еден и натаму е во сериозна здравствена состојба

Од:

Седум лица кај кои е потврдена западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Здравствената состојба кај еден од нив, 76-годишен скопјанец, кој е сместен на одделот за интензивна нега на Клиниката за инфективни болести, сè уште е сериозна и е на респираторна поддршка – изјави денеска за МИА директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Тој посочи дека лицето кое е во сериозна здравствена состојба веќе една недела е на Клиниката и не патувало надвор од државата. Другите шест лица, кои се хоспитализирани, појасни д-р Цана, се на возраст над 60 години, се во стабилна здравствена состојба и само едно лице од нив претходно патувало во Грција.

– Кај сите хоспитализирани има вирусно воспаление на мозокот и мозочните обвивки. Симптомите се висока температура, силна главоболка, дезориентираност, нарушена свест – додаде д-р Цана за МИА.

Хоспитализираните заразата ја добиле од инфициран комарец, периодот на инкубација вообичаено трае од три до 14 дена по каснувањето, а повеќето поминуваат и без да знаат за присуството на вирусот.

Би можело да ве интересира

Уште една жртва од западно нилска треска во Македонија

А1он

На Инфективната клиника почина пациентка со западно-нилска треска, уште една е во тешка состојба

Горан Наумовски

На Инфективната клиника почина пациент со западно нилска треска

А1он

Петмина новозаразени со западнонилска треска, прв случај во Тетово

Од 12 пациенти со западнонилска треска на Инфективна, тројца се на интензивна со кислородна поддршка

Уште еден починат од западнонилска треска, 11 пациенти се на Инфективна