Познати кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за министри и заменици во техничката влада, МВР останува неизвесно

Од:

Рашела Мизрахи е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за труд и социјална политика, a Цветан Трипуновски е предлог за нов заменик министер за земјоделство. За нов заменик министер за финансии ќе биде предложена Гордана Димитриеска Кочоска, a за нов заменик министер за информатичко општество и администрација e предложена актуелната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ Невенка Стаменковска Стојковски.

Рашела Мизрахи не е партиски кадар. Таа има докторирано на Универзитетот Бар Илан во Израел, каде станува доктор на науки по биохемија. Таа работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза во Република Македонија, на мониторинг на лабораторија во Израел, како и асистент на катедрата за Физиологија при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”, Скопје.

Трипуновски има работено во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство како државен советник, а од 2015 до 2017 година ја извршувал функцијата директор на Државниот земјоделски инспекторат. Тој од 2008 година до 2012 година беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, а од 2017 е член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Димитриеска Кочоска е магистер по економски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Таа била вработена во приватна компанија како финансиски консултант во областа на контролинг и финансии. Претходно работела во Стопанска Банка, во Македонски Телеком, во Министерството за финансии во Секторот за јавен долг, во одреден период е и директор за финансии во ЕЛЕМ, во времето кога со оваа компанија управуваше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Невенка Стаменковска Стојковски работела во Секретаријатот за европски прашања и во Агенцијата за странски инвестиции каде што била координатор на економските промотори, и работела на привлекување странски инвестиции. Таа е магистер по европско право и право на Европска унија.

Се уште е нејасно кој ќе биде технички министер за внатрешни работи, откако СДСМ побара друг предлог наместо полковникот Драган Ковачки.

Од СДСМ остануваат на ставот дека техничкиот премиер Оливер Спасовски нема да го предложи Ковачки за министер за внатрешни работи, но се надеваат дека ќе предложат друг кандидат.

Би можело да ве интересира

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он

АфД e пред историска победа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

(ВИДЕО) Кузманоска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3 отсто

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он