Владата ги објави имињата на предложените заменици-министри: Назим Буши во МВР, Агим Нухиу во Правда

Од:

Владата, која во име на премиерот Зоран Заев денеска ја достави листата со предлози за замениците-министри со нивните биографии до Собранието, попладнево преку соопштение ги објави нивните имиња.

За заменик-министер за одбрана е предложен Башким Хасани, за оваа функција во МВР – Назим Буши, додека Агим Нухиу е предлог за заменик-министер за правда.

Илхан Рахман е предложен за заменик на министерот кој раководи со Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, а Фатмире Исаки за заменик-министер за надворешни работи.

Предлог за заменик-министер во Министерството за финансии е Димитар Ковачевски, во Министерството за економија Зоран Маневски, а во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски.

Илир Хасани е предлог за заменик-министер во Министерството за здравство, Арафат Шабани во Министерството за образование и наука, Енвер Хусејин во Министерството за труд и социјална политика, Зоран Димитровски во Министерството за локална самоуправа, а Седат Сулејмани во Министерството за култура.

За заменик-министер за информатичко општество и администрација е предложен Александар Бајдевски, за Министерството за транспорт и врски Беким Реџепи, а за Министерството за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска.

Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција, одговарајќи на новинарски прашања, рече дека со предлог листата за заменици-министри се доставени и биографиите на кандидатите, завршени се разговорите со сите потврдени и потенцијални кандидати за заменици министри и сите ќе добијат шанса и ќе можат да бидат вградени во одредени други општествени области кои се под надлежност на извршната власт.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните

СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Горан Наумовски

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари