СДСМ обвинува: Планот на Владата ќе ја турне државата во уште поголем долг

Од:

Владата на Мицкоски објави „10 милијарди евра за инфраструктурни проекти во наредните 10 години“. Ова не е развојна стратегија. Ова е нова должничка замка за граѓаните. Мицкоски веќе и додаде на Македонија преку 2,3 милијарди евра нов јавен долг за нешто повеќе од две години. Ако се реализира и дел од овие најави, долгот ќе надмине 12-13 милијарди евра, само нов долг. Тоа значи повисоки камати, поскапо задолжување и помалку пари за плати, пензии и јавни услуги, велат од СДСМ.

– Покрај тоа, најавата предвидува само 57 километри автопат за 10 години – односно 5,7 километри годишно. Ова е крајно недоволно за сериозен економски раст и подобра поврзаност на земјата. Уште поалармантно е што нема јасни извори на финансирање. Фондовите се блокирани поради отсуство на реформи, буџетот е празен, а странските инвестиции паднаа за 60 отсто. Единствената преостаната опција е ново задолжување – што значи уште поголем товар за граѓаните. Наместо да се фокусира на вистински развој преку продолжување на европскиот пат, подобрување на деловната клима, владата произведува пропагандни најави без финансиска и институционална подлога. Резултатот ќе биде уште поголем јавен долг, послаб економски раст и долгорочно послаб животен стандард за граѓаните.
Доста е со лаги и празни ветувања, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните