Во Тетово денеска биле пронајдени телата на 56-годишниот А.Е. и неговиот 27 годишен син В.Е. И двајцата биле пронајдени обесени во својот дом во Тетово.
Според првичните сознанија, станува збор за пензиониран доктор познат во Тетово, кој прво го убил својот син кој бил со нарушено ментално здравје, а подоцна самиот си го одзел животот.
Според соседите, докторот А.Е. во последно време тешко се носел со болеста на синот.