На булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје вчера во 20:50 часот се случи сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистарски ознаки управувано од Љ.В.(26) удрило во пешакот Фросина Ц.(20) од Крива Паланка, која починала на лице место.
По ударот возилото „Хонда“ го напуштило местото на настанот, по што во 21:10 часот Љ.В. сам се пријавил во Полициската станица Ѓорче Петров.
Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.