МВР го потврди идентитетот на починатиот маж во бањата Стрновац. Станува збор за 39 годишен жител од Куманово, чие тело е предадено на обдукција.
Вчера, во 22:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во базенот на бањата Стрновац, општина Старо Нагоричане е пронајдено починато лице.
На местото на настанот увид извршиле увидна екипа на СВР Куманово, а по наредба на Обвинителството телото е предадено за обдукција која ќе ги покаже причините за смртта на 39 годишниот маж од Куманово.